Дел од улиците во градот Битола се целосно под вода. Граѓаните се револтирани и велат дека затнатите шахти придонеле да се поплават улиците, а со тоа и дел од нивните дворови и подруми.
Градоначалникот Тони Коњановски за попладнево свика седница на општинскиот кризен штаб.
„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“, рече Коњановски.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имало и во Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.