Во подкастот кој е дел од бугарската државна пропаганда во Македонија постојано настапуваат луѓе блиски на СДСМ или пробугарски активисти
Политичкиот партнер на Венко Филипче и дел од коалицијата на СДСМ Рубин Земон во интервју за пробугарски подкаст на македонски јазик го брани Бугарскиот претседател Румен Радев и неговата политика кон Македонија.
Земон кој е лидер на партијата ПОЕН во подкастот каде чест гостин е Виктор Стојанов претседател на бугарската антимакедонска Фондација Македонија, тврди дека Радев не прави ништо лошо кон Македонија и дека Македонците не разбираат што е Македонизам.
Изјавата на Радев според која ,,Македонизмот нема да влезе во ЕУ” за Земон не е негативна.
Тој ја коментира позитивно ,,вадејќи” го Радев дека мислел на вештачки создадениот македонски идентитет според српскиот активист Стојан Новаковиќ а не на вистинските Македонци.
Самиот Радев никогаш не рекол дека постои Македонство и Македонизам како што тоа го кажува Земон, кој имаше заедничка партија со Владо Бучковски а беше посебен советник за мултикултурно општество на екс премиерот Зоран Заев
Во подкастот кој е дел од пошироката бугарска државна пропаганда во Македонија настапуваат луѓе блиски на СДСМ или пробугарски активисти кои ги величаат бугарските а ги напаѓаат македонските државни позиции.
Извор: Expres
