Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски кој е дел од дебата со Гордана Силјановска Давкова на Канал 5.

Пендаровски во обид да докаже дека немал лош резултат во првиот круг од претседателските избори тврди дека на изборите имало 7 кандидати како никогаш досега при што рече дека на изборите во 2009 година имало 5 кандидати.

Сепак Пендаровски греши затоа што на тие избори имаше 7 кандидати од кои сите се живи. Пендаровски прави грешка и за бројот на кандидати Албанци и вели дека имало двајца а всушност се тројца.

На тие избори победи Ѓорге Иванов а по него следеа Фрчковски, Имер Селмани, Грин Буџаку, Мируше Хоџа, Љубе Бошкоски и Нани Ружин.

https://fb.watch/rUQrSGYb_b/?mibextid=oFDknk

Зошто Пендаровски манипулира или не се сеќава за настанот што не беше толку одамна засега нема објаснување од неговиот штаб.

Првиот дел од дебатата на Канал 5

Преземено од Express