Претседателот Свето Пендаровски во емисијата 360 на Алсат М, говори за немилиот настав во тетовската модуларна болница и притоа истакна дека лично тој после еден ваков настан би дал оставка од морални причини.

Ако ме прашувате лично,  кога не дај Боже јас би бил во таква ситуација, јас не би чекал ни секунда, би дал оставка од морал ни причини, изјави претседателот Свето Пендаровски за емисијата 360, која ќе се емитува вечерва на Алсат М.