Ќе изградиме нов булевар и автобуска станица, а на местото на старата нов модерен паркинг. Младите ќе добијат шанса за современ и економичен дом, за да останат тука во родниот град. Комуналните проблеми ќе бидат решени, а Виничка река ќе биде омилено место за рекреација, посочува тој.
Петков вели дека ја знае секоја педа од градот и дека имаат потенцијал за сериозен развој.
Дајте шанса за новите инвестиции и новите работни места. Време е за промени, им порача Петков на сограѓаните.