Денес сведочиме на еден голем срам и дебакл кога станува збор за надворешната политика и преговарачкиот тим на оваа Влада. Денес пред нас имаме бугарски диктат, и тоа е чувство кое преовладува секаде надвор од ова Собрание, изјави Марија Петрушевска пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

За жал спротивно на европските вредности ние денеска имаме ултиматум и затоа велам НЕ за политичка агресија и асимилација на граѓаните и на Република Македонија. Се уште многу се свежи но уште поболни сеќавањата, состојбите, уцените, прогоните, притисоците“, рече Петрушевска.

Таа посочи дека денес, после четири години чекаме преговори, датум повторно во исти намери само овој пат во уште полоша состојба. Државата ни е во економски, образовен, културен, здравствен колапс. Македонија како ниедна друга земја кандидатка и аспирантка за полноправно членство во ЕУ е изложена на исклучоци, отстапки, ултиматуми, диктати и асимилации.

Протоколот е скандалозен, барем од она што можевме да го прочитаме и видиме во медиумите бидејќи се уште играме криенка со истиот. Окупациски, спротивно на политиката на проширување на Европската Унија, спротивно на Декларација која сите овдека ја усвоивме во Собранието и спротивно на националните интереси на Македонија“, кажа Петрушевска.

Петрушевска посочи дека требаше да го слушнете гласот на народот кои ви вели дека овој пакет на документи е штетен.

Дополнително со право се зголеми недовербата кај граѓаните и со право овој пакет на документи не ужива поддршка поради не транспарентноста и криенката која ја игра оваа Влада. Требавте да го слушнете гласот на народот, невладиниот сектор со кој активно ги следи политиките поврзани со Европската Унија и да дозволите аргументирана расправа“, изјави Петрушевска.

Петрушевска кажа дека македонскиот јазик за жал не е чист во преговарачката рамка и тоа е она што денеска портпаролката на европската комисија го потврди за жал историските прашања како никогаш досега стануваат дел од преговарачката рамка.