Атлетико Мадрид обезбеди пласман во полуфиналето од Лига на шампиони, и покрај поразот од Барселона со 1-2 на домашен терен. „Јорганџиите“ ја искористија предноста од првиот меч во Каталонија и со вкупен резултат 3-2 се најдоа меѓу четирите најдобри екипи во Европа.
Мечот започна шокантно за домаќините на „Ванда Метрополитано“.
Веќе во четвртата минута, Ламин Јамал го отвори резултатот по асистенција на Феран Торес, искористувајќи голема грешка во одбраната на Атлетико.
Притисокот на гостите продолжи, па во 24. минута токму Торес зголеми на 0-2 и целосно ја анулираше негативата од првиот меч.
Барселона беше блиску и до трет погодок, но наместо тоа, Атлетико Мадрид се врати во игра преку Лукман во 31. минута, со што се намали предноста и се внесе нова неизвесност.
Во второто полувреме, ритамот повторно го диктираше Барселона, но клучните моменти не одеа во нивна корист. Гол на Феран Торес беше поништен по ВАР интервенција поради офсајд, а ситуацијата дополнително се искомпликува кога Ерик Гарсија доби црвен картон по прекршок над Сорлот во ситуација „еден на еден“.
Со играч повеќе, Атлетико успеа да го контролира финишот и да го зачува резултатот што му носи пласман понатаму. Така, тимот на Симеоне продолжува да сонува европска слава.
Со играч повеќе, Атлетико успеа да го контролира финишот и да го зачува резултатот што му носи пласман понатаму. Така, тимот на Симеоне продолжува да сонува европска слава.
Актуелниот европски шампион ПСЖ сигурно чекори кон нова завршница во Лига на шампиони, откако и во реваншот го надигра Ливерпул со 0-2. Човекот на одлука беше Осман Дембеле, кој со два гола го запечати пласманот на „светците“ во полуфиналето.
