Се огласи Стефан Лазаров по случката Кривичниот суд оформи предмет за спорното интервју на новинарот Драган Павловиќ-Латас со јутуберот Стефан Лазаров. Тој вели дека не му е забранет јавниот настап, ниту пак да му е одземен пасошот.
Тој преку Јутуб видео се огласи за новостите каде вели дека е добар, а дека медиумите пренеле многу лажни информации.
Лазаров се пожали дека никој од медиумите не побарал изјава од него и дека е благодарен што има платформа каде сам може да каже што размислува.
Според мене е нефер да споделувате вакви наслови и да креирате поинаква слика за јавноста во овој момент. Не сакам да ве напаѓам, сите се борат за кликови и тоа го добиваат. Меѓутоа во сликите кои се појавуваат гледате релевантни портали, а насловот е различен од содржината, вели Лазаров
Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје пред надлежниот суд поднесе обвинителен предлог против двете лица за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.