Посебните капсули се движат со помош на струја и моќни електромагнети, без да ги допрат шините. Конструкторите тврдат дека Hyperloop е трипати побрз од најбрзите Mаглев возови.
Промотивното видео открива комерцијален систем на иднината, се гледа внатрешноста на капсулите, погонскиот механизам и батериите.
Интересно е што Hyperloop не мора да запре на секоја станица, додека капсулите би се движеле во конвој. Од Virgin истакнуваат дека нивната технологија не произведува бука, ниту штетни гасови, а се движи побрзо од комерцијалните авиони.