Полицијата ги растури протестите пред Собранието. Откако кордонот полицајци тргна напред почна и да ги удира демонстрантите. Еден полициски службеник од зад грб удри човек кој потоа удри во кордонот и падна на земјата.
Само десетина минути потоа, полициски службеници приведоа младо момче, но го газеа и тој пискаше од болка. Дел од демонстрантите бараа од полицијата да не го гази и да го ослободи, но службениците не попуштија.