-Повеќе од 40 години години се врши експлоатација на шумата во Модрич и Дренок од Шумското стопанство во Дебар кое го користи патот изграден од селаните на овие две села кој што сега е уништен а не учествува во негова поправка, беше кажано на протестот на кој е најавено дека Шумското стопанство веќе не може да ко користи патот кој е изграден од селаните.

Демонстрантите побараа да ги добиваат трите проценти од доходот што Шумското стопанство го добива со сечење шума во атарот на нивните села.

По патот за кој жителите месечно даваат стотици евра секојднебно минуваат камиони од 35 тони кои целосно го руинираат а никој не го обновува.

Посебен проблем на демонстрантите се огромниот број кражби во куќите од Модрич и Дренок, случаи од кои ниту еден не е решен од страна на полицијата иако сите знаат кои се крадците,пренесуваат expres.mk

Видеото од протестот на овој линк