Полицијата го идентификуваше сопственикот на автомобилот „голф“, кој на 5 октомври го попречувал движењето на други возила на прометна крстосница во центарот на Скопје.
Случајот привлече внимание откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како патничко возило го попречува сообраќајот на крстосницата меѓу улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“.
По објавувањето на снимката, полицијата презела мерки за расчистување на случајот.
Како што информираат од МВР, на 7 октомври во СВР Скопје бил повикан Н.В., сопственик на автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки.
Против него се преземени мерки согласно член 3 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, соопштија од полицијата.
