Со наши пари, Шилегов ќе плаќа нови шофери, административци и раководители. Ова е полнење и партизирање на градската администрација од невидени размери, смета Попова.
– Народ умира, илјадници на ден се заразуваат со КОВИД 19, нема вакцини, системот целосно потфрли, а Шилегов градските пари наместо да ги троши разумно, ја полни градската администрација. Власта која повикуваше на широка влада, која како една од главните цели ќе го има и намалувањето на администрацијата, преку Шилегов ја полни истата таа администрација со партиски кадри. Лицемерие и апашлук, тврди Попова.
Таа посочи дека Скопје има други приоритети, 4 години немаме видено нов проект, нова улица, нов булевар, се што прави Шилегов е мачкање асфалт на старите сообраќајници и дека нехигиената е на највисоко можно ниво, дивите депонии се насекаде.
– Градот е запуштен и во полоша состојба до сега не бил. Шилегов, за 4 години ништо не направи. Вработувањето на партиски луѓе во градската администрација нема да те спаси на избори, твоето време истече, додаде Попова.