Утрово очите на светската јавност се вперени кон тековните случувања во Бразил и обидот за државен удар на приврзаниците на Болсонаро. На оваа тема се зборуваше и во утринската емисија на Радио Лидер со новинарот Љупчо Златев и водителот на емисијата Ивица Боцевски којшто има богата биографија и е поранешен македонски амбасадор во Бразил.
Боцевски е еден од луѓето во Македонија кои најмногу се запознаени со бразилската политика, па затоа од „прва рака“ може да слушнете каква е ситуацијата, што се случува моментално во Бразил и кој ќе биде крајниот епилог. Повеќе за обидот за државниот удар во Бразил може да погледнете во продолжение, во првите 35 минути од емисијата се зборува за ова.
Целата емисија погледнете ја ТУКА.
Поддржувачите на десничарскиот поранешен претседател на Бразил Жаир Болсонаро упаднаа во Конгресот, претседателската палата и Врховниот суд во бразилската престолнина во неделата, како мрачен потсетник на инвазијата на американскиот Капитол од страна на поддржувачите на Доналд Трамп пред две години. По неколку часа полицијата ја вратила контролата над зградите. Уапсени се над 400 луѓе.
Претседателот Луис Инасио Лула да Силва, кој го победи Болсонаро на изборите во октомври, најави „федерална безбедносна интервенција“ во Бразилија која ќе трае до 31 јануари, откако демонстрантите успеаја да ги совладаат безбедносните сили. Околу три часа по првичните извештаи за упадот на демонстрантите, безбедносните сили успеаја повторно да заземат три од најважните згради во главниот град.
За оваа проблематика нашиот медиум објави и утрово, а тоа може да го погледнете ТУКА.