Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски синоќа сподели дека е поставена светлосна сигнализација во Автокоманда, Железара и Триангла, и дека денеска ќе продолжат и во другите населени места.

„Започнавме со поставување светлосна сигнализација на пешачките премини. Овој чекор не е само техничка обнова, туку јасна порака дека безбедноста на граѓаните е наша најголема грижа и одговорност. Оваа иницијатива е дел од нашата визија за модерна, уредена и безбедна општина – место каде секој ќе може да се движи слободно, сигурно и без страв“, истакна Стефковски.