Околу 30 лица биле згрижени во пожарот во домот за стари лица во село Чемерско, кавадаречко каде утрово околу 10 часот избувна пожар. Благодарение на територијалната противпожарна единица нема повредени и спречена е голема трагедија. Освен од Кавадарци, помош била испратена и од Велес, Неготино и од Свети Николе.

Нема повредени во пожарот кој претпладнево околу 10 часот ја зафатил покривната конструкција на домот за стари лица во село Чемерско.

Се огласи и градоначалникот Митко Јанчев кој беше вклучен во координација за решавање на проблемот.

Сите пациенти веќе се транспортираат накај Кавадарци. Станува збор за повозрасни лица во потешка состојба. Има и премрзнати лица кои за време на пожарот беа евакурани пред самиот дом. Сите пациенти ќе бидат прегледани и ќе бидат сместени во општата болница Кавадарци и според нивната ситуација ќе биде дадена соодветна терапија, заклучува Митко Јанчев.

Семејствата ќе може да ги земат лицата кои ќе бидат во добра здравствена состојба. Нема посериозно повредени лица.

Се огласија од центарот за управување со кризи.

За среќа, Нема повредени во пожарот кој ја зафати покривната конструкција на домот за стари лица во село Чемерско.