По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пајсак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото.
На терен се пожарникари од Делчево, Берово, Македонска Каменица, припадници на Армијата, локално население, доброволци, Шумско стопанство кои учествуваат на негово локализирање. Ситуацијата е алармантна. Во моментот она што е најважно според учесниците во гаснењето е да се приклучат трактори.
Македонската информативна агенција пренесува дека жителите кои ги сретнале велат дека цел ден гори, а околу 15 часот се разгори. Глетката е страшна. Жителите меѓу себе се договараат да се вклучат со трактори во акцијата за гасење, бидејќи сите се испаничени. Мештаните ќе се вклучат и со рачно гребење со цел пожарот да не се спушти во селото. Велат дека било проценето дека нема потреба од хеликоптер и тој бил повлечен, а во моментот нема никој кај огнот, односно никој не го гаси.
Пожарот во маалото Пасјак во делчевско се посилен!
Posted by MИА.mk on Wednesday, August 4, 2021