Струмичките пожарникари вчера имале една поинаква интервенција. Како што објавија на улицата „4 Јули“ во Струмица интервенирале по повик на вознемирени родители.

– Откако малолетното девојче неколку часа не одговарало ниту на телефонските повици, ниту на ѕвонењето на вратата, родителите побараа помош од ТППЕ Струмица. Станот се наоѓаше на четвртиот кат. Со помош на авто-скалата, пожарникарите-спасители пристапија до терасата, по што беше овозможено отворање на вратата и влегување во станот. А таму – наместо опасност, ги дочека една сосема неочекувана глетка. Девојчето беше безбедно и едноставно спиеше во длабок сон, не слушајќи ги ниту телефонските повици, ниту ѕвонењето на вратата, велат од ТППЕ Струмица.

За пожарникарите можеби необична интервенција, но за родителите – огромно олеснување.