Крваво утро во Грац: Напаѓач упадна со пушка и пиштол во поранешното училиште
Утрово, училиштето „БОРГ“ во австрискиот град Грац беше поприште на незапаметена трагедија. Десет лица го загубија животот, меѓу кои и самиот напаѓач, откако во зградата вооружен влезе 22-годишен маж, поранешен ученик на училиштето.
Познати детали за масакрот во Грац. Според првичните информации, напаѓачот отворил оган во две училници, а една од нив, како што пишуваат локалните медиуми, била токму неговата стара паралелка. За време на нападот, животот го загубија најмалку девет лица – ученици и наставници, а уште 28 други се повредени. По масакрот, напаѓачот се затворил во еден од тоалетите и си го одзел животот.
Напад со легално оружје: Полицијата потврди брза интервенција
Австриската полиција информираше дека напаѓачот поседувал пиштол и пушка што легално ги регистрирал. Веднаш по добиените повици, на местото на трагедијата пристигнала специјалната единица „Кобра“, која за кратко време го обезбедила објектот и спровела евакуација на учениците и персоналот.
„Во еден момент имаше акутна закана“, соопшти полицијата, „но ситуацијата сега е под контрола“.
На социјалните мрежи веќе кружи видео од внатрешноста на училиштето, на кое се слушаат истрели и паника меѓу учениците.
Иако идентитетот на напаѓачот официјално не е објавен, повеќе медиуми јавуваат дека станува збор за млад човек кој завршил токму во „БОРГ“ и кој, според досегашните сознанија, немал претходна криминална историја.
Погледете го видеото каде се слушаат истрели од масакрот во Грац.
Austria shooting – Here you can hear the shots in the Graz school.
Video shows gunshots heard in Graz school. The video was filmed in a classroom at the BORG.
Reports of 10 dead.
— Lord Bob Shit McShitface (@ShitMcShitface) June 10, 2025
Јавноста е во шок. Дополнителни информации може да прочитате ТУКА.