Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ влегоа во автомобил и се упатија кон граничниот премин „Делчево“ на македонско-бугарската граница со цел да проверат дали ќе можат да ја преминат границата со старите патни исправи на коишто пишува „Република Македонија“ наместо „Република Северна Македонија“.
Сепак, нивниот обид се покажа како неуспешен, бидејќи граничарите им соопштија дека пасошите им се неважечки.
Но, интересно е тоа што двајцата пратеници приложија дипломатски пасоши, кои исто така беа со старото уставно име на државата, а граничарите им ја кренаа рампата и им соопштија дека досега не добиле инструкции како да постапуваат со граѓаните кои ќе приложат дипломатски пасош со „Република Македонија“.
Пратениците заклучија дека македонскиот народ е практично „затворен во конзерва“ и ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи.
Во продолжение, погледнете го видеото:
🎥Со @LefkovMile се упативме на граничениот премин Делчево. Погледнете како не затворија во “конзерва”👇 pic.twitter.com/7veAaNlph3
— Brane Petrushevski (@belichMacedonia) February 21, 2024