Продолжува традицијата на СДСМ за „позајмување“ политички слогани. Со логото на СДСМ и со слоганот „Повеќе за сите” утрово Скопјани ги дочекаа стотици билборди низ главниот град на Македонија.

Слоганот „Повеќе за сите” пред само неколку месеци го употребува во својата кампања синџирот на супер маркети од Холандија “Шпар”, додека, пак, пред 2 години овој слоган го употребил уште еден ланец на продавници “Лидл”.

Во 2008 година СДСМ на изборите искористи лого од фирма за банани, а оваа година од супер маркети. Останува непознато на што се должи фасцинацијата на оваа партија од фирми со ваков тип на стопанска дејност.

Не смееме да заборавиме дека и слоганот со кој неславно се прослави СДСМ „Живот за сите“ беше украден од политичката партија ДВЕРИ во Србија, а за истото имаше многу реакции.