Денеска одбележуваме дваесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски. Сè уште не згаснуваат контроверзите за причините и околностите во кои се случи падот на владиниот авион, со кој државната делегација патуваше на настан во Мостар, Босна и Херцеговина. На 26-ти февруари 2004 година владиниот кингер со претседателот Трајковски, шестчлена делегација и двајца пилоти не стигна до Мостар.

Но и покрај сè едно видео е најпопуланро за поранешниот претседател. Токму ова видео го објави инфлуенсерот Никола Николовски – Боемот, кој упати пофални зборови за претседателот.

Македонија отсекогаш раѓала визионери: 20 години од смртта на Борис Трајковски

Скромен, чесен, патриотиште. Визионер за подобра Македонија, човек кој без влакна на јазикот зборуваше за неговата цел за иднината.

Претседател со достинство, човек со свое јас. „Верувам во Македонија“ велеше Борис Трајковски. 20 години потоа оваа реченица има уште посилно значење. И кај нас има уште поголем мотив да ја оправдаме нашата верба во нашата Македонија.

Вечна слава претседателе. Секогаш ќе го почитуваме делото кон Македонија и твојата саможртва за ова парче земја, пишува Боемот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Nikolovski (@boemot.mk)

 

Неговата изјава ја пренесуваме во целост:

Слушам на „Си-Ен-Ен“ дека стално кружи, да не кажам за мене и увредлива констатација, дека ова е срам за Македонија. Ова е срам за меѓународната заедница. Никој од вас не прашува кои се проблемите на оваа влада и на оваа држава. Многу убаво од далеку, од Шведска ги следите настаните. Јас ќе ви предложам нешто конкретно, пратете 100 авиони на скопскиот аеродром и пренесете ги во Стокхолм, порача претседателот Трајковски, а оваа изјава е актуелна и ден денес.

Борис Трајковски стана втор шеф на македонската држава како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Од шестемина кандидати, во вториот изборен круг Трајковски успеа да го победи социјалдемократот Тито Петковски. Земјата ја водеше во многу тежок период. Претходно краток период беше заменик-министер за надворешни работи, и тоа во екот на косовската бегалска криза. Пресвртна точка во воениот конфликт беше 13-ти август 2001 година. Претседателот Трајковски, заедно со лидерите на тогашните најголеми политички партии и специјалните претставници на Европската Унија, Хавиер Солана и на САД Џејмс Пердју, стави потпис на Охридскиот рамковен договор, што беше вовед во запирање на крвопролевањата.