Инциденти и прекин на натпреварот се случија меѓу екипите на Бешикташ и израелскиот Хапоел Бер Шева во рамките на петтото коло од Лигата на Европа. Овој фудбалски дуел се одигра во грузискиот град Батуми. Според извештаите на медиумите, грузиската полиција морала да интервенира директно против навивачите на турскиот тим откако тие развиле палестински знамиња на трибините.

На објавените видеоснимки се забележува како полициските службеници се обидуваат да го одземат знамето од навивачката група. По тој обид веднаш настанала физичка пресметка проследена со турканици, при што дел од останатите присутни на трибините бурно реагирале на интервенцијата на органите на редот.