Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, присуствуваше на Божиќната служба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во чест на празникот Христово раѓање – Божиќ, а со којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.
Премиерот Ковачевски поразговара со верниците, како и со претставниците на МПЦ-ОА и им посака добро здравје, спокој и радост. Споделени беа и очекувања да се продолжи по патот на перспективите.
Големиот христијански празник Божиќ, како што констатираше премиерот Ковачевски, поттикнува надеж дека секој нов почеток е шанса, поцврсто и поодлучно во вербата и надежта, да се зачекори напред, на патот кон заедничкото добро.