Скандал се случи за време на официјалниот пречек на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред зградата на Владата, јавува 4NEWS.

Откако пристигна автомобилот во кој се превезуваше шефот на Алијансата, тој не излезе веднаш, бидејќи премиерот Димитар Ковачевски не беше пристигнат на местото за пречек.

Ова се забележува и на официјалното видео дистрибуирано од страна на Владата.

Столтенберг три минути го чекаше Ковачевски да излезе од Влада – премиерот брзаше!

Ова се случува за прв пат, гостин да чека во автомобил пред зградата на Владата. Досега секогаш домаќинот бил на местото за дочек пред да пристигне автомобилот со гостинот.