Проект „Safe city“
Во Кавадарци ќе се зголеми безбедноста преку проектот „Safe city“, а ОВР Кавадарци постепено го намалува криминалот на нејзино подрачје благодарение на континуираните мерки. Јанчев нагласи дека Општина Кавадарци има започнато 26 проекти, па затоа многу често премиерот во иднина повторно ќе биде гостин во овој град.
Тошковски и Јанчев со соработка
Министерот Тошковски се заблагодари на градоначалникот Јанчев и го најави проектот во рамки на кој ќе се постават 200 камери во градот. Целта е да се намали криминалот. Тој додаде дека камери има во четири градови, а целта е да се постават на територијата на цела држава.
Набиена агенда на премиерот Мицкоски
Агендата на премиерот Мицкоски е набиена заради многуте проекти во Кавадарци. Тој присуствуваше на поставување на камен темелник на објект – Дом на култура со спортска сала во село Дреново, проект во вредност од 25.000.000 денари. Потоа, премиерот Мицкоски изврши увид на градежни активности на објектот „Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост“.
Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на Дом на култура во Кавадарци
Со камери до зголемена безбедност
Од посетата на ОВР Кавадарци премиерот даде презентација на проектот Safe city. Мицкоски нагласи дека градот Кавадарци се наоѓа во одлична состојба, а преку проектот со камерите Кавадарци ќе ја зголеми безбедноста.
Во Кавадарци ќе има нови проекти
Преку повикот за поддршка на општините, Мицкоски најави дека во Кавадарци ќе има нови проекти.
Анархија, стихија и безредија не водат кон добро. Нашата цел не е таа. Целта е да владее законот, а преку овој проект ќе го намалиме криминалот. Честитки до градоначалникот и успешна работа заедно со министерот и вработените овде од ОВР Кавадарци, рече Мицкоски од Кавадарци.
Проектот за општините Мицкоски опиша дека ќе се користи во многу општини.