Принцот Хари бил исвиркан за време на рагби-натпреварот меѓу Лестер и Глостер во Обединетото Кралство. Дел од навивачите негодувале кога неговиот лик се појавил на големиот екран на стадионот.

Војводата од Сасекс во петокот го следел натпреварот од трибините, во друштво на Андреа Пинчен, извршната директорка на клубот Лестер. Според медиумските извештаи, Хари уживал во пиво и во натпреварот без сопругата, Меган Маркл.

Телевизиската мрежа TNT брзо го префрлила кадарот откако публиката реагирала на неговото појавување на екранот. Коментаторот Ник Малинс забележал дека се слушаат свирежи, пренесува АФП.