Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека специјализираните возила за ЈП „Комунална хигиена“ веќе се предадени на градот и во наредните денови, по завршувањето на правните процедури излегуваат на терен.

-До крајот на неделава пристигнува и првата испорака од вкупно 3.300 нови контејнери, најголемата набавка досега. Чистиот град значи здравје, достоинство и подобар живот за сите.
Затоа, секој од нас има одговорност да го чува. Нашата работа нека биде поттик за поголема грижа, а секоја чиста улица обврска таква и да остане! Скопје предолго губеше поради неодговорноста и неажурноста на претходниците. На таа запуштеност ѝ ставаме крај со работа и конкретни дела, наведува во објавата скопскиот градоначалник.

Нагласува дека со силна волја, макотрпна работа и заедничка одговорност, Скопје повторно ќе биде горд град!