Насмеана додека шетала со сопругот, во светските медиуми е објавена нова фотографија и видео од принцезата од Велс Кејт Мидлтон. Оваа фотка е само потврда за фановите на Кејт дека принцезата од Велс успешно закрепнува по абдоминалната операција.
Сликата, која наводно е направена во саботата, ги прикажува Вилијам и Кејт како посетуваат фарма во Виндзор, на кратко возење од нивниот дом во Беркшир.
„Изгледајќи здраво, среќно и опуштено, принцезата сама си ја носи торбата за шопинг и низ смеа разговара со својот сопруг додека парот ја напушта продавницата и се враќа во својот автомобил“, пишува „Дејли мејл“ под фотографија објавена од британски „Сан“. Нивните три деца не биле со нив.