Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун добил автомобил од руско производство „за лична употреба“ од рускиот претседател Владимир Путин како подарок, објави денеска севернокорејската официјална новинска агенција KCTA, цитирана од БТА.

Двете земји ги зајакнаа врските по средбата меѓу Ким и Путин во септември и изразија подготвеност да промовираат меѓусебна размена на сите полиња. KCTA не ја прецизираше марката и моделот на автомобилот, но за време на неговата посета на Русија минатата година, севернокорејскиот лидер имаше можност да ја прегледа лимузината Aurus, потсетува Ројтерс.

Подарокот беше предаден на главните соработници на Ким, вклучувајќи ја и неговата сестра, на 18 февруари, објави КЦТА.