Разменети ракетни и дронски напади, пет загинати во Џаму
Конфликтот меѓу Индија и Пакистан драматично се заострува, објави телевизијата Al Jazeera. По утринско затишје долж линијата на судир, повторно се слушаат истрели и силни експлозии.
Погледнете повеќе од видеото во продолжение:
India showed humanity, Turkey played politics. Drones for Pakistan, bullets for Indians.
We Indians won’t forget this#IndiaPakistanWar |#IndiaPakistanConflict pic.twitter.com/sIDjwS3aAg— Vishal (@VishalMalvi_) May 10, 2025
Во текот на ноќта, Индија нападна три воздухопловни бази на Пакистан – Нур-Хан, Мјурид и Шоркот – користејќи ракети воздух-земја. Како одговор, пакистанската армија започна масовна воена операција наречена „Буњан Марсус“ (во превод „Цврст Ѕид“), насочена кон 26 цели на индиска територија, вклучително и градовите Џаму, Бармер, Џајсалмер, Амритсар и други. Нападот бил изведен со околу 500 дронови, а летиштето во Шринагар било под дронска офанзива.
Кибернапади и мобилизација на резервисти
Пакистанските власти потврдија дека започнале и кибернапади, при што биле хакнати неколку индиски владини веб-страници, меѓу кои и официјалната страница на владејачката партија Бхаратја Џаната. Во меѓувреме, Индија ја стави престолнината Њу Делхи во состојба на зголемена безбедносна подготвеност, а Министерството за одбрана започна постапка за мобилизација на резервисти пред евентуална копнена операција.
(ВИДЕО) Утрово силна експлозија во Лахор: Расте тензијата меѓу Индија и Пакистан
Во неколку индиски и пакистански градови се воведени мерки за безбедност, а делови од регионот Џаму и Кашмир се соочуваат со масовни прекини на електричната енергија. Летиштата во Северна и Западна Индија ќе останат затворени до 15 мај, поради страв од нови напади.
Повик за деескалација од САД
Вашингтон нуди посредување, жртви и повредени во цивилни напади отако и утрово имаше ракетни и дронски напади. Американскиот државен секретар Марко Рубио телефонски разговараше со началникот на пакистанската армија, генерал Асим Мунир, повикувајќи ги двете земји на итна деескалација. Тој понуди и американска помош за иницирање на дипломатски преговори.
Пет лица загинаа во Џаму како резултат на пакистанската офанзива. Индиската армија соопшти дека неколку дронови над Амритсар биле соборени, додека полицијата потврди дека три члена од исто семејство се повредени во напад во Ферозепур, при што едно лице е во критична состојба. Индиските власти тврдат дека Пакистан напаѓа и свети места, нарекувајќи го тоа „ново дно во конфликтот“.