Говорот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на ПС на Совет на Европа во Стразбур во кој тој зборуваше во врска со Извештајот од последните парламентарни избори во Бугарија предизвика лавина позитивни реакции од граѓаните на социјалните мрежи.

-Нашиот Александар Велики.. Вака зборува горд Македонец, вака се штитат националните интереси… Ех, Зоране, Зоране, вака ли и ти ја претставуваш Македонија во светот… Само така напред со крената глава, а не со свиткана кичма… Вака се брани татковината, се само дел од коментарите напишани под објавата на пратеникот Николоски.

Имено, Николоски зборувајќи во врска со Извештајот од последните парламентарни избори во Бугарија рече дека забележале откако во земјата почнале протестите дека говорот на омраза пораснал, но и нападите против Македонија и Македонците затоа што Бугарија поради политички причини и поради изборни причини го блокира отворањето на пристапните преговори и првата интервладина седница со Македонија.

– И тие продолжуваат да го прават тоа кршејќи основни човекови права на Македонците, како што е самоопределувањето, нашиот јазик, историја и наследство, и тие се на чекор да го направат тоа повторно утре на седницата на Советот за општи работи на ЕУ. Каде најверојатно тие повторно ќе го блокираат отворањето на пристапните приговори, рече Николоски.

Во тој контекст Николоски од говорницата им порача на бугарските власти:

– Ние знаеме кој сме. Ние сме Македонци! Ние знаеме кој јазик го зборуваме, ние зборуваме македонски јазик. Ние си го знамеме нашето наследство и нашата историја и независно од тоа каква одлука да донесат утре, цела Европа знае кои сме и што сме. И тие ќе се соочат со срамот од последиците од одлуката која ја носат, беше директната порака до Бугарија која ја упати Николоски.

Видео од моето обраќање во Стразбур и директната порака до Бугарија:

Видео од моето обраќање во Стразбур и директната порака до Бугарија: Може колку сакате да не блокирате, НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ

Posted by Aleksandar Nikoloski on Monday, June 21, 2021

Ваквиот потег на Николоски предизвика вистинска бура на позитивни реакции помеѓу граѓаните. Тие не штедеа пофални зборови за го поддржат пратеникот кој вчера се врати во ПС на Советот на Европа преставувајќи ја Македонија во најголемата парламентарна асамблеа во Европа.