Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи со видеоклип пред почетокот на вечерашниот мегамитинг во Белград, кој требад а биде одговор на власт на серијата масовни собири „против насилството“, кои ги организираше опозицијата.
„Србијо, ти благодарам!“, напиша тој во објавата на Инстаграм, проследена со фотографии од масата народ насобрана во Белград.
На платото пред Народното собрание во Белград, во тек е митингот „Србија на надежта“. Вучиќ, предходно рече дека сите треба да дојдат во главниот град и да ја поддржат слободарската политика на единство и независност.
Според медиумите критични кон власта, дури 2.200 автобуси со симпатизери на Вучиќ од Србија, но и од Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија, денеска пристигнале во Белград на митингот, кој наликува на собирите кои ги организираше поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ на крајот на 80-тите години на минатиот век.