Претседателот на Србија Александар Вучиќ на почетокот на своето обраќање пред присутните на собирот „Србија на надежта“ побара од сите присутни да ги спуштат транспарентите и знамињата.

-Пред секој збор, а јас се подготвував за денеска, денеска, како и сите претходни денови, мора да има молк за сите наши деца кои загинаа во училиштето „Владислав Рибникар“, за нивниот старател Драган, за сите наши деца од Дубона и Орашје, за секој живот што е одземен насилно и затоа ве молам сите да ги наведнете главите и со едноминутно молчење да им оддадеме почит на сите жртви во овие два масакри – рече Вучиќ.

Тој се заблагодари за поддршката и додаде дека ова е последна вечер кога се обраќа како претседател на СНС, бидејќи од утре ќе биде само претседател на Србија.

-Единаесет години верно и лојално служев им служев на мојата земја и народ. Можеби поверно и полојални отколку што некои од вас можат да замислат. Единаесет години сум на чело на СНС, најдобрата, најголемата партија на прекрасни домаќини, чесни луѓе – рече тој.

Според дел од медиумите, дури 2.200 автобуси со симпатизери на Вучиќ од Србија, но и од Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Македонија денеска пристигнале во Белград на митингот, кој наликува на собирите кои ги организираше поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ на крајот на 80-тите години на минатиот век.