Рекоа, па одрекоа. Продолжува некоординираноста кај ДУИ и паниката во редовите на нивната партија. Откако Бујар Османи и Али Ахмети најавија бојкот на локалните избори, сега Блерим Беџети се откажа од идејата за бојкот.
Беџети за Радио Слободно Европа вели дека ДУИ не најавиле бојкот, а баш напротив ќе излезат на локални избори. Предупредува дека ќе дојде до политичка криза.
Не не сме најавиле никаков бојкот, ние секогаш сме биле и сме спремни за избори, и на последните парламентарни избори, изборниот легитимитет на етничките Албанци, и другите етнички заедници е кај Европскиот фронт. Предвремени парламентарни избори во Собранието како дебата се отвори од сите, почнувајќи од премиерот Мицковски. Но, факт е дека на државата и се потребни предвремени парламентарни избори, за да излезе од ситуацијава во која не е почитуван легитимитетот на втората етничка заедница во државата, рече Беџети.
Погледнете видео од неговата изјава.
Ова е не првпат да се заканува ДУИ. Од заканите за дестабилизација, воинствените говори на партискиот лидер, новата реторика на ДУИ сега стана закана дека ќе ги бојкотираат локалните избори, ако Уставниот суд реши да го менува или допре законот за јазици. Прво таквото сценарио од Липково го најави првиот човек на интегративците, а во сличен стил продолжи и партискиот потпретседател. Османи со истите зборови како и Ахмети. Не било во прашање ДУИ, Албанците немале да дозволат промени во овој закон. Бил морална, национална и човечка обврска кон оние што го дале животот за албанскиот јазик.
-И дали ќе глумиме како да ништо не се случило? Претседателот на Уставниот суд одлучил, и утре ќе излеземе да пиеме кафе во град!? И утре ќе правиме кампања за општините!? Затоа кажувам, длабока политичка криза, која што не може да продолжи во истиот начин без да седнеме и дискутираме што ќе правиме со Охридскиот Договор, без да го вратиме Балансерот, без да го вратиме Бадинтер, легитимитетот и без да го гарантираме јазикот, нема да има политика како обично, изјави Османи.
На ДУИ очигледно и повеќе од тешко им паѓа опозицијата, па на секаков начин се обидуваат да ги кренат тензиите во општеството. Прво најавуваа масовни паротести, па се собраа стотина граѓани пред Уставниот суд, а воинствената атмосферата кај нив спласна кога Артан Груби заврши на црната листа на САД и кривични пријави заработија нивни поранешни функционери. Според познавачите заканата со бојкот на локалните избори е најобично покажување страв, бидејќи се свесни дека ги очекува катастрофален резултат во октомври.
-Пробуваат со старите игри, кога не им одговараат правилата, тие не влегуваат воопшто да играат, во овој случај на избори. И внатрешните анкети што ги прави ДУИ, сигурно не им излегуваат, сигурно не им излегуваат како што тие мислат и затоа сега пробуваат со бојкот, колку толку да го зачуваат тој малку имиџ што го имаат пред своите гласачи, вели новинарот Џенур Исени.
Ситуацијата во ДУИ е далеку од добра. Доказ за тоа се тешките милионски криминали, во моментов во бегство од Македонија се порашениот прв вицепремиер и најблизок соработник на Али Ахмети, Артан Груби, како и поранешниот директор на Лотарија, Прпарим Бајрами.
Рекоа, па одрекоа. Останува да видиме на крајот каков став ќе има ДУИ за окалните избори.