Револтирани граѓани го демолираа вториот локал на газдата на дискотеката каде загинаа 59 млади

Група разгневени граѓани во Кочани го демолираа кафе-барот „Класик“, чиј сопственик е ист со оној на дискотеката во која во пожарот трагично загинаа 59 лица.

Во градот во тек е масовен протест на кој се бара одговорност за трагичната несреќа што се случи во раните утрински часови во неделата.

Погледнете го видеото во продолжение

Еве како изгледаше тоа и од друг агол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сител ТВ (@sitel.tv)

Протестот започна од градскиот парк, но потоа продолжи пред општинската зграда, каде граѓаните со револт извикуваа: „Бараме правда!“, „Секој еден може да е следен!“, „Убијци!“.

Денонстрантите се упатија кон полициската станица во Кочани, откако протестираа пред општината барајќи правда за загинатите во дискотеката Пулс.