Вчера во денот кога починаа 50 наши сограѓани од КОВИД-19, Заев и Филипче летаа со хеликоптер. Доколку наместо за Заев и Филипче хеликоптер се пуштеше за некој од нив, може ќе беа денес живи, изјави Петар Ристевски од ВМРО ДПМНЕ.

Со една минута молк сакам да изразам почит за сите досега починати.Слава им!Македонската јавност ја интересира едно нешто.Дали Заев и Филипче за летање со хеликоптер потрошија 1.000.000 денари? Го платила ли тоа државата луксузот и желбата за адреналин на двајцата моторџии Заев и Филипче, кои во сред пандемија се однесуваат како да се холивудски ѕвезди?Еден час летање со хеликоптер чини околу 4.000 евра, хеликоптерот кој бил користен за летањето на Заев и Филипче се задржал повеќе од 5 часа, тоа се некаде повеќе од 1.000.000 денари, претпоставен трошок, изјави Рисевски.

Заев и Филипче мора да кажат дали ова вредеше? Вредеше ли народот да го плаќа нивното задоволство, неизживеаност и аздисување?Народ умира од ковид поголем број од луѓето кои починаа после 1 јануари оваа година, можеа да бидат спасени доколку се набавеа навреме вакцини и тие се вакцинирале.Дали наместо за вакцини државата троши пари за летање на Заев и Филипче?, праша Ристевски.

Колку вакцини прашувам ќе биле купени со повеќе од 1.000.000 денари? Ако земеме за релевантно дека поголемиот број на земји ја купиле кинеската вакцина за околу 20 долари, тоа не носи до бројка од 1.000 вакцини. Значи 1.000 животи можеби ќе беа спасени, со тие 1.000.000 денари потрошени вчера за летање на Заев и Филипче.Со тие 1.000.000 денари ќе се набавеа и стотици дози Инвермектин или други таблети и средства за борбата против КОВИД-19.Со тие вакцини или таблети ќе се спасеа голем дел од 3.800 починати, од кои 330 се од Прилеп, до каде што вчера летаа Заев и Филипче. Наместо за борба против пандемијата, владата троши на непотребни работи за исполнување на лични задоволства. Го повикувам Венко Филипче веднаш и без размислување да си даде оставка, изјави Ристевски.