Министерот за спорт, Борко Ристовски, утрово гостуваше во студиото на Радио Лидер, каде што зборуваше за постигнатото во претходните неполни две години. Тој истакна дека во овој период биле реконструирани пет спортски сали, а започнала изградбата на уште три нови.

Ристовски соопшти дека биле изградени и уредени над 50 спортски игралишта низ државата. Според него, во изминатиот период биле изградени и седум базени. Министерот во емисијата зборуваше и за идните планови и проектите што треба да се реализираат во следниот период. Тој најави продолжување на инвестициите во спортот и спортската инфраструктура.

Целата емисија од утрово може да ја погледнете на следниот линк.