Кристијано Роналдо за неговата венчавка со Геoргина Родригез, одржана на 11 август 2026 година, на приватна церемонија во Каскаис, си доби и исклучително вреден подарок, луксузен часовник Jacob & Co Twin Turbo Furious Baguette, чија вредност надминува еден милион евра.

Часовникот е направен од 18-каратно бело злато и украсен со дури 362 бели дијаманти. На куќиштето има 344 дијаманти, додека уште 18 се вградени во копчата. Вкупната тежина на скапоцените камења е речиси 20 карати.

Подарокот лично му го подари основачот на компанијата, Џејкоб Арабо, кој сподели фотографија со фудбалската ѕвезда на Инстаграм со пораката: „Две икони. Уникатен момент“.

 

Механизмот на овој ексклузивен часовник не заостанува зад својот изглед. Моделот е напојуван од механичкиот механизам JCFM05 со дури 832 делови, а има триосен турбилон, монопушерски хронограф и покажувач инспириран од светот на автомобилизмот. Часовникот е дел од ограничена серија и се смета за една од најсложените креации на брендот Jacob & Co.

Роналдо и Jacob & Co соработуваат повеќе од две децении, а португалскиот фудбалер е еден од амбасадорите на овој луксузен бренд со години.