По синоќешното промашување на Маркус Берг против Шпанија делуваше дека тешко ќе видиме поголемо промашување во првото коло на Европското првенство. Но, еве, поминаа помалку од 24 часа, а еден од најголемите фудбалери на денешницата не демантираше.

Во слабото прво полувреме против Унгарија, капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, успеа да шутира над голот од помалку од пет метри.

Бруно Фернандеш нафрли од страна, Кристијано одлично се движеше, дојде до петерецот, беше сосема осамен, меѓутоа топката незгодно отскокна, а ударот замина високо над голот.