ДОМ одговорно тврди дека лажно се прикажува незадоволство на 17 општински организации, чии членови не се ниту запознати ниту консултирани за оваа прес-конференција.
Очигледно е дека мала група на лица, од кои, некои лажно се претставуваат со функции од партијата, имаат јасна намера да му наштетат на ДОМ и да го нарушат кредибилитетот и рејтингот на Партијата пред локалните избори. Тоа, сепак, не може да ги збуни граѓаните на кои не им е јасно која е политичката цел и намера на Алтипармаковска, ниту, пак, за што таа се залага. Ќе беше добро наместо неосновани обвинувања и етикетирања, да им објасни на граѓаните што сработи за овие четири години како советничка од ДОМ во Битола. – велат од партијата.