Претставници на 17 општински организации на ДОМ, од Битола, Велес, Лозово, Кисела Вода, Гази Баба, Куманово, Прилеп, Охрид, Тетово, Гостивар, Делчево, Берово, Радовиш, Аеродром, Центар, Пробиштип и Куманово ваквото барање денеска го соопштија на прес конференција.

– Почитувани. Од Маја Морачанин бараме оставка. Напушти ја Маја зелената партија. Не ја уништувај единствената зелена партија. Судејќи според реакциите од разрешувањето на Ана Петровска се гледа дека на демократската јавноста и е кристално јасно дека се работи за лажни демократи и лажни зелени, рече Ристенка Алтипармаковска, претседателка на општинската организација на ДОМ во Битола.

Барањето оставка од претседателката Маја Морачанин, не е основано, зашто само пред некој месец, на состанок на Централниот одбор на Партијата, таа поднесе Извештај за нејзината двегодишна работа и побара членовите на ЦО да се изјаснат дали имаат доверба таа да продолжи да ја води партијата. Без ниту еден глас против или воздржан, и беше изгласана доберба, со што, уште еднаш, се потврди единството на членството на Партијата и заложбите за доследно спроведување на зелените политики., соопшти ДОМ по одржаната прес-конференција.