Во западна Австралија се урна авион „Боинг 737-300“, кој, како што јавуваат светските медиуми, бил ангажиран за гаснење пожар.
Според информациите на австралиската ТВ мрежа ABC, двајцата пилоти успеале да се спасат и да поминат само со полесни повреди.
Урнатиот авион бил на компанијата „Колсон авиејшн“, а бил ангажиран во гаснење на два големи пожари во Националниот парк „Фицџералд ривер“.
Како што се наведува, авионот претходно извршил два прелета, но проблемот се случил при третиот прелет за гаснење на пожарот.