Настрешницата се урна на пладне, а на лице место пристигнати се два багери за да ги откопаат урнатините, додека седум екипи на брзата помош и три противпожарни возила се на терен.
Станува збор за настрешница која се наоѓа над влезната врата во зградата на станицата.
Медиумите известуваат дека има повеќе тешко повредени лица, но засега нема потврда од МВР.
Според РТВ најмалку едно лице е загинато, а повредени се повеќе лица.
View this post on Instagram
Градоначлникот на Нови Сад е на лице место, а министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ денеска ја прекина посетата на Црна Гора и се упати во Нови Сад.