Пожар утрово зафатил трамвај на раскрсницата на авенијата „Марин Држиќ“ и улицата „Град Вуковар“ во Загреб, Хрватска.
Поради инцидентот, дошло до прекин на трамвајскиот сообраќај на оваа раскрсница, соопшти ЗЕТ. Трамвајските линии 2, 3 и 5 сообраќаат по изменети траси.
Од Јавната противпожарна служба на Град Загреб потврдиле дека добиле дојава за пожарот и дека повеќе нема отворен пламен.
На местото на настанот се присутни полицијата, пожарникарите и екипа на Итната медицинска помош. Читател испратил снимка на која се гледаат чад и пламен на горниот дел од трамвајот.
