Во текот на денешниот ден на социјлната мрежа Твитер се појави видео како министерката за одбрана, Радмила Шекеринска игра на музика и е во одлично расположение.

На видеото јасно се гледа како министерката танцува на отворено, а тоа се претпоставува дека е во Маврово, Старо Бачило.

Освен Шекеринска, и дел од другите министри се на одмор и покрај проблемите кои ги има нашата држава како пожарите, но и високите бројки на Ковид-19. Актуелна беше случката со министерот за здравство, Венко Филипче кој откако одржа кратка прес-конференција за новите мерки кои ќе стапат на сила од понеделник, се врати на одмор во Грција.