Според досегашните обработени податоци на Државната изборна комисија (ДИК), по првиот круг Арсовска води со плус 5.000 гласови пред Шилегов.
„Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во вториот круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка за проектите кои за 4 години Скопје целосно го променија. Реализиравме огромен број проекти, работевме за сите граѓани поддеднакво и Скопје стана единствен град. Ги повикувам сите граѓани кои од одредени причини не излегоа на гласање, во вториот круг да излезат и масовно да гласаат. Јас сум сигурен дека poради ова и поголемиот коалициски капацитет ќе издвојуваме победа“, рече Шилегов.
На новинарско прашање чии гласови од останатите кандидати ги очекува во вториот изборен круг, Шилегов рече дека како и секогаш се потпира на гласовите на граѓаните.