За време на специјалната седница на која неколку пратеници присуствувале во живо, а повеќето преку интернет, политичарот Хуан Емилио Амери бил снимен како седи со својата партнерка пред непристојниот чин.

Набрзо после инцидентот, кој стана вирален хит на интернет и предизвика незадоволство во јавноста, пратениците изгласале суспендирање на Амери.

Амери е пратеник од северната провинција Салта во владејачката коалиција. За локалното радио рекол дека се чувствува лошо поради тоа што се случило.

Тој додал дека неговата интернет конекција била лоша и дека не бил свесен дека бил фатен во интимен момент со партнерката, пренесува Ројтерс.