Новогодишната атмосфера во Скопје во последните години е разочарувачка и има голем многу простор за подобрување. Градоначалничката Данела Арсовска ветуваше сензационално украсување, но на крајот се сведовме на потпросечно китење каде помалите градови се далеку подобро накитени.

Во Скопје недостасуваат разновидни настани кои обично го одбележуваат овој период на други места. Една новогодишна елка не е доволна за прослава е чест коментар од граѓаните. Улиците се слабо украсени, со минимално осветлување и неинспиративни декорации, кои не успеваат да го доловат празничниот дух. Граѓаните очекуваа повеќе од овогодишното украсување, но наместо тоа, добија едноставни и неприлагодени украси кои не оставаат силен впечаток. Јавните настани се ретки, со малку можности за семејствата и пријателите да се соберат и да прослават.

Скопје, особено на Твитер гласни се за недостатокот на новогодишна и божикна атмосфера во градот. Погледнете како е украсено во Шуто Оризари.

Шутка е поубаво украсено од центар на Скопје

Сатиричен коментар „Скопје е украсено“

За ова нашиот медиум објави и претходната недела кога скопската новогодишна елка задоцнето се постави.

(ВИДЕО) „Ало градоначалничке“: Сатирична снимка за новогодишното украсување во Скопје е вирална на социјалните мрежи

Жителите на Скопје често го изразуваат своето разочарување, бидејќи градот не успева да обезбеди жива и магична новогодишна атмосфера што ја заслужува заедницата. Подобрувањето на овие прослави може да донесе толку потребна радост во градот.