За убиството на Никола Саздовски, Скендер Демири и Бесир Бела беа осудени на по 16 години затвор за „сурово убиство“. Денешниот протест го повика навивачката група „Шверцери“, додека беше поддржан и од роднините на осудените во случајот „Монстра“ и „Алфа“. Протестот беше мирен, без оваци и инциденти.

-Заедно со нашите пријатели и семејство, протестираме за правата на нашите пријатели и браќа. Го креваме гласот против неправда. Ние го изразуваме нашето спротивставување на овие одлуки. Не бараме ништо повеќе од вистината. Поминаа две и пол години откако се надевавме на правда, па затоа молчевме. Од првиот ден можевме да протестираме, но се надевавме на правда. Одлуките засновани на етничка припадност не оставија само да се надеваме. Пред две и пол години осуденици несакајќи го нападнаа покојниот Никола Саздовски и никој не го негира ова. Осудените не сакаа да му го одземат животот. Целта беше само физички напад, но заврши со случајна смрт. Завршеи спонтано без претходно планирање. Осудените не сакаа да си го одземат животот, никогаш не помислуваа на убиство, а уште помалку на сурово убиство. Постојат различни докази, но судот не сакаат да ги зема предвид – изјави братот на осудениот Бесир Бела во случајот „Саздо“, за Слободен Печат.